Пејачката и водителка Сузана Турунџиева со пост на својот Фејсбук профил ја опиша најубавата жена на светот.
“Постојат многу “теории” на тема: Како изгледа најубавата жена на светот?
Според мојата “диоптрија” најубавата жена на светот е првенствено убаво воспитана, љубезна, благодарна, добронамерна и умее да ги препознае вистинските вредности.
Таа никому не забодува нож во грб, но секогаш е подготвена да возврати на удар…
Почитува додека ја почитуваат…
Сака додека ја сакаат…
Не прифаќа сожалување…
Не се продава за ниедна цена…
Не поднесува неправди…
Не глуми жртва…
Се бори и многу е упорна…
Ете така изгледа најубавата жена на светот…“ напиша Турунџиева на својот Фејсбук профил.
Интересно е што под нејзиниот пост една нејзината следбеничка напиша:
“ Сузе, па ти ми ја опиша мојата снаа… во твоите зборови ја препознав неа, затоа ми е најубава“.