Вежбам со физиотерапевт и тоа им го препорачувам на постарите мажи и жени кои сакаат да останат во форма. Половина час во денот го правам тоа и сфатив дека ми дава енергија“, вели актерката Џоан Колинс.
Британката има витка линија и раскажала дека редовно вежба, но и внимава на исхраната. Сепак, што се однесува до диетите, таа дала посебни инструкции.
„Не се подложувајте на диети, само јадете помалку. Ако треба да ослабнете неколку килограми за да можете да облечете нешто што сакате, јадете варени јајца и брокула 3 дена. Ако сакате нешто да грицкате, изедете уште малку брокула. И вежбајте, колку и да ве мрзи, морате“, вели Џоан.
Актерката не застанува ниту на деловен план – во процес е објавата на нејзината 19-та книга, а набрзо ќе започне и со снимање на новиот филм во кој ја глуми војвотката од Виндзор, Воли Симпсон.
Желба на легендарната Колинс е да живее барем до 100-та година, а смета дека ќе успее во тоа ако се придржува до сегашниот начин на живот – редовно вежбање и правилна исхрана.
За разлика од бројните ѕвезди на денешницата кои уште во младоста започнуваат со естетските корекции и интервенции, кои често не се ни потребни, Колинс вели дека не сака инјекции и зажалила што пробала ботокс.
„Еднаш пробав ботокс, пред многу години, и беше ужасно. Јас сум актерка и морам да ја задржам добрата мимика на лицето“, вели таа.