Писателката Исидора Бјелица која почина во средата во 52 -та година од животот, сметала дека стресот е една од главните причини за болеста.
– Канцерот е хронична болест и знам дека допрва ме очекува борба, борба да не се врати повторно. Моите лекари врескаа кога дознавме. Нема волшебен лек, секој канцер е различен – рекла во 2016 година и додала:
– Јас бев целосно на свежа храна и мојот канцер прогресираше а некои се излекуваа на тој начин. “Low carbs (англиски, храна со малку јаглени хидрати)“ е најдобра терапија. На улица кога ќе сретнев жена со иста дијагноза, јас се шегувам, никој од нас не пушел, не пиел, здраво се хранел, но имаме една зедничко нешто – сите сме доживеале голема тага, стресови. Ако мене ме прашате што е причина, тоа е голема тага, стрес, разочарување, а околу тоа никој не правиме ништо – рекла Исидора во едно интервју.
Инаку, Исидора Бјелица ќе биде погребана во сабота, во 16 часот во Алејата на заслужени граѓани на Новите гробишта. Комеморацијата ќе се одржи и во сабота во 12 часот во малата сала на Сава центарот во Белград.