Поранешната финска премиерка, Сана Марин и поранешниот фудбалер Маркус Раиконен се разведоа по 19 години заеднички живот, а судејќи по фотографиите на Инстаграм за неа животот штотуку почнува.
“Заедно поднесовме барање за развод, благодарни сме за 19-годишниот заеднички живот и нашата заедничка ќерка. И понатаму сме најдобри пријатели, се изладивме еден кон друг, но останавме родители полни со љубов. Ќе продолжиме да го поминуваме времето заедно како семејство, Санна напиша во една пригода на Инстаграм.
Во меѓувреме, таа постојано ги „чести“ следбениците на Инстаграм со фотки од забавите на кои присуствува со своите пријатели, покажувајќи на тој начин дека навистина ужива во животот. Па така, на една од нив ја гледаме во проѕирен фустан во кој присутвувала на музички фестивал, на друга, пак, позира со гол стомак и кратко кожено здолниште…
Инаку, Санна Марин се најде во центарот на вниманието по скандалот поради тоа што, иако имала позитивен ковид-тест во 2021-та година, таа заминала на забава во диско-клуб.