28-годишната забавувачка од Русија, Катрина Хендрик раскажала дека почнала да се депилира уште како 12-годишна девојка затоа што ужасно се срамела од своите влакна. Но, осум години подоцна, заклучила дека тоа за неа е Сизифова работа.
Катрина во 2011 година престанала да користи бричеви, односно, одлучила да не се депелира и сега се чувствува послободно од било кога, а не потклекнала дури ни на сопствената свадба. Нејзината мајка на почетокот се противела и својата ќерка ја нарекувала „одвратна“, но после седум години се помирила со нејзиниот избор.
Поради својата влакнетост Катрина од своите блиски а и од непознати луѓе добивала разни коментари за својот изглед, а ја нарекувале “грда и чудна“ .
Нејзиниот сопруг како што вели не е љубител на женски влакна, но својата сакана сепак ја прифатил таква каква што е и ја прифатил нејзината одлука. За време на овие години Хендрикс заклучила дека влакната на женското тело повеќе им пречат на жените отколку на мажите.
Нејзината цел е да им покаже на жените дека имаат право да изгледаат онака како што сакаат без притисок од она што општеството го смета за убаво.
“ Не ми беше лесно да ги растам влакната. Ме гребеа а кожата ми беше иритирана. Прво пуштив да растат во интимната зона, па под пазувите, а најпосле и на нозете. Ми беше срам, но полека се одкажував од бричот. Сепак, за само неколку месеци очигледно е дека станав влакнеста жена“, рекла Катрина.