На социјалните мрежи е објавено видео од тепачка на млади лица, за кое подоцна е објавено дека станува збор за матуранти во Шестата и Седмата белградска гимназија. Се гледа како машките се удираат со тупаници, клоци, а девојчињата викаат по нив да не користат факели.
— ScepanCar (@ScepanCar) May 25, 2023
Директорот на Шестата белградска гимназија, Радисав Милиќ и директорот на Седмата белградска гимназија Мирослав Маркиќевиќ за српските медиуми кажаа што се случувало дента.
“Тој ден се беше убаво во училишниот двор, децата се однесуваа соодветно, се поздравија со учителите. После тоа сами се собраа во Звездарска шума, не знам која е причината за тепачката, рече Радисав Милиќ, директор на Шестата белградска гимназија.
За матурантите на Седмата белградска гимназија, директорот Мирослав Маркиќевиќ изјави дека нивните ученици биле љубезни додека биле во училишниот двор. Тој тврди дека не знае како се случил инцидентот во Звездарска Шума.