Една од најубавите жени на светот, италијанската глумица Моника Белучи (51) во подолго интервју откри како ги поминува деновите во карантин заедно со двете ќерки Деви (15) и Леони (9). Таа со двете ќерки живее во преубава куќа на францускиот брег.
Моника откри дека поради изалацијата не може да оди на плажа, па поголем дел од денот го поминува во градината. Исто така таа откри дека сите обврски околу децата ги завршува сама бидејќи нејзиниот поранешен сопруг, францускиот глумец Венсан Касел, не е премногу заинтересиран, односно, не се грижи доволно за ќерките.
Нејзиниот поранешен сопруг сега е среќно оженет со француската манекенка Тина Кунаки (23), од која е 30 години постар.
-Се надевам дека Венсан во еден момент ќе почне да се грижи за се ова – рекла Моника во интервјуто што е прва критика кон нејзиниот маж во последните неколку години.
Таа посебно е загрижена за Италија каде што живеат нејзините родители.
„Ситуацијата во Франција е страшна, но секоја вечер кога ќе го видам бројот на жртви во Италија, се запрепастувам. Имам камен на срцето, јас сум емпатична и ја чувствувам болката на другите“ вели актерката.