„Братот“ и „сестрата“, кои всушност не се биолошки поврзани – си размениле завети на интимна свадбена церемонија
Матилда Ериксон (23) од Финска ја документирала својата неконвенционална љубовна приказна на TikTok со нејзиниот сегашен сопруг Самули Ериксон (26), кого го запознала преку нивните родители во 2018 година. Тогаш неговиот татко и нејзината мајка се венчале, а овие двајца млади се наскоро се заљубиле.
„Братот“ и „сестрата“, кои всушност не се биолошки поврзани, размениле завети на интимна свадбена церемонија на 30 јули, откако се вериле во октомври 2021 година.
Кога парот решил да ја подигне врската на повисоко ниво, Матилда рекла дека отишле директно кај нивните родители за прво ним да им ја соопштат веста. Родителите биле многу среќни поради нивната љубов.
Како сето тоа започнало
Откако ја гледала нејзината мајка како се омажила за љубовта на нејзиниот живот во 2019 година, Матилда рекла дека не предвидела што ќе се случи следно.
– Да бидам искрена, тогаш не знаев што ќе се случи за неколку години. Се омажив за синот на мојот очув. Сега посакувам многу среќни и здрави години за сите нас во иднина.
Откако го поставил прашањето, Самули ја потврдил веста за свршувачката на социјалните мрежи.
„Таа рече да!“, напишал тој.
Во интервју за „Yahoo News“, Матилда открила дека Самули го направил првиот потег.
– Ни требаа две недели да почнеме да излегуваме после тоа и тој во основа веднаш се пресели кај мене. Веднаш се почувствува дека се е добро и природно – изјавила таа.
На почетокот, Матилда мислела дека нејзината интимност со него е чудна.
– Бев збунета и заљубена во исто време и искрено не знаев што да правам. Размислувајќи за тоа дека тој се уште ми е ‘полубрат’, размислував и за туѓите мислења – рекла таа.
Сепак, огромната поддршка што ја добиле од родителите брзо ги смирила.
-Ми рече да направам се што чувствувам дека е најправилно во тој момент, да оставам се друго настрана и да го следам срцето, а тоа ме наведе да се омажам за Самули – изјавила Матилда за советот на нејзината мајка.
Коментари и поддршка
Според финскиот закон, блиските роднини не смеат да се венчаат.
Но, откако испитала дали можат легално да се венчаат, Матилда тврдела дека еден од пријателите на нејзината сестра, кој е студент по право, му рекол на парот дека нема да има проблем.
Нивната љубовна приказна предизвика дебата на социјалните мрежи – некои сугерираат дека нивната врска е „просто погрешна“. Сепак, многумина се јавиле да ја бранат оваа романтична врска:
– На крајот на краиштата, вие бевте возрасни кога се запознавте. Никој не ги тера постарите деца да се однесуваат како браќа и сестри, па зошто вие? Вистинска љубов – им напишал некој.
Друг коментар гласел:
– Мислам дека е неверојатно што мајка ти ја најде вистинската љубов и ти помогна и тебе да ја најдеш. Вие двајца не сте поврзани, мислам дека тоа е убаво.