По изрекувањето на ослободителната пресуда на Новак Ѓоковиќ, судот на Викторија објави голем број документи, меѓу кои и ПЦР тестот на српскиот тенисер, кој на 16 декември по 20 часот добил позитивен резултат.
Како што објасни самиот Новак во својата изјава, не знаел за резултатите до наредниот ден, кога им ги врачил наградите на најдобрите млади тенисери од Тенискиот сојуз на Србија, а потврда добил дури по тој настан, а пред тоа тестот бил негативен.
Ѓоковиќ откри и дека откако дознал за позитивниот тест, ги откажал сите учества, освен интервјуто за Л’Eкип, бидејќи не сакал да го изневери новинарот, но и дека цело време носел маска и држел мерка социјално дистанцирање..
Зборовите на Новак ги потврди и новинарот Франк Рамела кој го направи интервјуто, кој рече дека Новак бил без маска на снимањето со трофејот, но дека одбил да ја симне маската за да се направат неколку фотографии за време на интервјуто.
– Кога го замилија да ја симне маска за фотографот да може да направи неколку фотографии додека трае интервјуто, Новак одби – изјавил Рамела.
Инаку, повод за интервјуто е фактот што познатиот француски весник Новак го избра за спортист на годината 2021 година.