.Пејачот Дарко Филиповиќ не може да си дојде при себе поради загубата на неговиот пријател, тапанарот од музичкиот состав „Амадеус бенд“ Бојан Златановиќ Токан, кој вчера почина од коронавирус. Тој со него се дружеше повеќе од 30 години.
„Бесен сум и лут, а не знам кој да обвинам“ – кажа Дарко низ солзи и раскажа низа несреќни настани.
„Токан долго кашлаше, но не сакаше да оди на лекар. Сам, на своја рака, пиеше лекови дома. Му кажам да оди да се прегледа, да не се шегува, но тој не го сфати тоа сериозно, како што сфаќаше сѐ останато низ шега. Беше најдобриот и најдуховиот човек кој го познавав. Ги сакаше сите луѓе и него сите го сакаа. Кога конечно одлучи да оди на лекар, немаше место во белградските болници, па го сместија во Пожаревац. Таму помина некое време, но откако се влоши состојбата, го префрлија во Белград, во болницата „Д-р. Драгиша Мишовиќ“. Веднаш го приклучија на кислорот, но состојбата многу брзо се влошуваше. Температурата растеше, сѐ потешко дишеше“ – изјави Филиповиќ за српските медиуми.
„Пред 10 – тина дена го приклучија на респиратор. Докторите направија сѐ, па и немовозможното. Кон него се однесуваат како кон претседател. Сѐ што постоеше како опција, беше направено. Го отворија, му ги исчистија белите дробови, му вградија дренови, од лекарства му даваа сѐ што постои, а што се користи во борбата со коронавирусот… За жал, не успеаја“ – низ солзи рече Дарко Филиповиќ.