Дваесет и двегодишната Емили е корисничка на Тикток која краток период се обидувала да оди на работа од 9 до 17 часот во Лондон, но не успеала. Во видеото на оваа социјална мрежа, таа вели дека сака да запознава нови места, кои во Лондон ги има многу, наместо да оди на работа во колектив каде работничките се многу „бизарни“.
– Една од работничките дури ме контактираше да ме праша од каде имам пари за скапа облека и начинот на живот. Не сакав животот да ми помине меѓу четири ѕида во некоја канцеларија каде ќе чмаам од 9 до 17 часот секој ден. Невозможно е животот да е таков, секој ден да одиш на работа и да чекаш да умреш, затоа ја напуштив работата. Сега ги минувам деновите во шопинг, пливање и посета на спа центри. Работев цели 5 години, си ја одлежав „затворска казна“ и никогаш повеќе не сакам да се вратам на работа – објаснува оваа тиктокерка на нејзиниот профил, каде ја следат околу 7.000 луѓе.
Клучниот момент што ја натерал оваа госпоѓица да даде отказ бил тој што по повод божиќните празници побарала слободни денови од својата шефица за да оди на Барбадос, каде живее нејзиниот татко, но таа ја одбила.
-Никогаш во животот за Новогодишната ноќ, или Божиќ не сум била без мојот татко и никој нема право да ми го забрани тоа. Освен тоа, откако ја напуштив работата, имам повеќе време за себе, за моите хобија, како готвењето. Исто така, секој ден се гледам со најдобрата пријателка, постојано излегувам во ресторани и запознавам нови луѓе и нови места кои Лондон ги има многу. Не зажалив што ја напуштив работата – објаснила оваа дама, а за неа пишуваше и британски Сан.
Нејзиниот профил на Тик-Ток е полн со скапа брендирана облека, а предначат чантите „шанел“ и „биркин“. Многу нејзини придружници во коментарите прашале како е можно оваа девојка да живее во центарот на Лондон, да не работи никаде и да си дозволи таков луксузен живот кој вклучува ручеци во ексклузивни ресторани, патувања и најскапа гардероба.
– Посакувам и јас да можев да си дозволам да не работам, навистина си благословена.
– Сето ова е убаво, но како успеваш да си го дозволиш ова, а да не работиш?
– Многумина од нас сонуваат за ваков начин на живот, но за повеќето луѓе тоа е недостижно!
– Многумина од нас не можат да си дозволат вакво ниво на луксуз, едноставно си имала среќа.
– И јас би го правела сето ова кога би можела, но многумина од нас мораат сами да си ги плаќаат сметките.