Германската инфлуенсерка Јоси Марија (24) од Кил починала поради срцева слабост за време на одмор со пријателите на островот Гран Канарија.
Се дознава дека таа наводно, заспала во прегратките на својата пријателка откако пристигнала на шпанските острови и „никогаш не се разбудила“, пишува германскиот сајт за вести DE24.
Пред смртта таа трагично го изрази својот страв да не го загуби животот од исцрпувачката болест.
На својот Инстаграм таа објави: „Не сакам да бидам една од 10 која умира од анорексија”.
Јоси пред некое време на социјалните мрежи прозборе за нејзината битка со анорексија низ годините.
Многу нејзини фанови и пријатели пишуваат проштални пораки на профилот на Јоси, на кој има 141 илјада следбеници.
„Срцето ме боли. Еден ден претходно ја држев во раце. Драга Јоси, бевме на шопинг и се радувавме за Божиќ и за твојот одмор. Следната ноќ мирно заспа во рацете на твојата пријателка. Твоето мало срце само престана да чука“, напишала нејзината мајка.