Во едно кафуле во Лозница, ноќта за Бадник била лоша за едно едумнаесетгодишно момче, пренесуваат српските медиуми.
Имено, малолетникот дошол сам во болница, со повеќе расекотини по своето тело и крвав, но свесен. Тој на медицинскиот тим им кажал дека сам паднал, не споменувајќи на кој начин.
Според информациите, бил во многу алкохолизирана состојба, а се направил проблем околу сметката во кафулето. Наводно, тој не сакал да плати тоа што потрошил, а добил расекотини на главата од разбиено стаклено шише.