34-годишната италијанска медицинска сестра, Даниела Треци откако било потврдено дека е заразена со коронавирусот си го одзела животот, затоа што се плашела дека во меѓувреме заразила други пациенти. Таа работела на првите линии во кризата со коронавирусот во болница во италијанската покраина Ломбардија, најтешко погодениот регион во Италија.
Националната федерација на медицински сестри на Италија ја потврди нејзината смрт, истакнувајќи дека Даниела претрпела „тежок стрес“, затоа што се плашела дека го пренела вирусот на другите додека се обидувала да помогне.
„Секој од нас ја избрал оваа професија за добро и за жал, за лошо. Ние сме медицински сестри. Состојбата и стресот на кој се изложени нашите професионалци се пред очите на сите“, соопштија од националната федерација на медицински сестри на Италија.
Даниела Треци работела на одделението за интензивна нега во болницата Сан Џерардо во Монца, а била ставена во карантин откако добила симптоми на коронавирусот, а потоа била позитивна на тестовите.