Како што известуваат британските медиуми, кралот Чарлс и клаицата Камила не планираат да се преселат во официјалната резиденција во која живееше кралицата Елизабета Втора, односно во Бакингемската палата. Чарлс нема да се всели во Бакингемската палата, каде што живееле сите шест британски кралеви и кралици од 1837 година, кога кралицата Викторија дошла на тронот.
Чарлс и неговата сопруга Камила сакаат нивна резиденција и понатаму да биде Кларенс Хаус, која е оддалечена само неколку минути од Бакингемската палата и каде што живеат од 2003 година. Бакингемската палата и понатаму ќе биде официјално седиште на монархијата, но се претпоставува дека Чарлс нема да се пресели таму ни кога ќе биде целосно реновирана, во 2027 година.
Извор близок до кралското семејство за „Sunday Times“ изјави дека Чарлс се чувствува многу удобно во Кларенс Хаус, каде што мајката на кралицата Елизабета живееше до 2002 година. Чарлс смета дека Бакингемската палата не е прилагодена на современиот свет и не е одржлива ниту финансиски ниту еколошки, вели истиот извор.
Тој исто така додаде дека Чарлс сака да ја отвори Бакингемската палата за јавноста.