Не размислуваме за полициски час, но ако не се почитуваат правилата, не ја исклучуваме можноста, рече Жарко Караџовски.
Истакна дека зголемената бројка се должи на собирањата и непочитувањата на препораките. Анализата на епидемиолошките податови во изминатите три дена, укажува дека одредени настани се главниот промотор на зголемениот број на заразени. Протоколите не се почитувале, не се носело маска и не се држело дистанца.
„Очигледно, тоа не се почитуваше. Овој есенски бран подрани. Со доаѓаљњето на сезонскиот грип, ова ќе се зголеми. Комисијата предложи два сета на мерки, едниот би се усвоиле следната недела преку собраниски измени, а вториот во понеделник која ќе бидат презентгирани пред премиерот.“ – рече Караџовски.