Нов Јужен Велс се бори со најлошиот бран на ковид оваа година, а шефот на здравството на таа најнаселена австралиска држава, Кери Шант, ги советуваше своите сограѓани да не разговараат едни со други за да спречат ширење на вирусот.
Откако во вторникот потврди нови 78 случаи на заразени со корона и еден смртен случај, Кери Шант рече дека Австралијците треба да се воздржат од разговор, дури и ако носат маски и се вакцинирани.
„Иако разговорот е од човечка природа, за жал, сега не е време за тоа“, рече таа пред новинарите.
Таа додаде дека маските не даваат целосна заштита и дека луѓето треба да внимаваат да не стапуваат во контакт со некој што претставува ризик.
SYDNEY, AUSTRALIA.
DON’T ACT LIKE A HUMAN. DON’T TALK TO YOUR FRIENDS, EVEN WHEN MASKED. DON’T BE FRIENDLY. THIS IS NOT THE TIME. pic.twitter.com/iiPgz2D8Bb
— NoRisk_NoReward (@noreward_norisk) July 20, 2021