Кабинетот на македонскиот претседател Стево Пендаровски, упатил извинување до кабинетот на црногорскиот претседател, Мило Ѓукановиќ, поради погрешно поставено знаме за време на средбата меѓу двајцата претседатели.
Како што пишуваат црногорските медиуми, знамето на Црна Гора било свртено наопаку.
,,Направен е ненамерен превид за време на поставување на црногорското знаме на тет-а-тет средбата меѓу двајцата претседатели“-стои во извинувањето, пренесува порталаналитика,ме
Инаку, ова не е прв пат да се направи пропуст при посета на државници на Македонија. Пред една година, Канцеларот на Австрија, Себастијан Курц на официјалната церемонија на дочекот пред Владата беше поздравен со погрешно, летонско знаме.
Летово на средба во советот на општина Охрид, амбасадорот на Франција, Кристијан Тимоние беше пречекан со погрешно знаме, неместо француското беше поставено знамето на кралството Холандија.
Црногорскиот претседател, Мило Ѓукановиќ, на 2 октомври беше во официјална посета на Македонија.