Поранешниот американски претседател Доналд Трамп (76) во вторникот се појави на суд, откако службено беше уапсен. Трамп беше обвинет по 34 точки од обвинението и се изјасни за невин.
Нему му се суди за измама со пари со кои наводно ја подмитил порно ѕвездата Сторми Даниелс за нејзиното молчење за нивните односи. Нивната наводна афера се случила за време на претседателската кампања во 2016 година додека неговата сопруга Меланија Трамп (52) била бремена.
Иако на почетокот извор близок до семејството изјави дека Меланија е покрај сопругот, сопружниците живеат сосема одвоени животи.
Извори за „Мирор“ изјавиле дека Доналд и Меланија живеат одвоено, поради што луѓето веруваат дека можеби ќе се разведат. За сето ова придонесува и фактот што Меланија јавно не го поддржа својот сопруг на судењето.
Во понеделникот Трамп полета за Њујорк, додека неговата сопруга наводно не била со него во авионот. Наместо Меланија, на поранешниот претседател му се придружија голем број соработници во кампањата, меѓу кои и неговиот син Ерик Трамп, портпаролот на кампањата Стивен Чеунг, долгогодишниот помошник за комуникации Џејсон Милер, поранешниот помошник во Белата куќа Ден Скавино и Борис Епштејн, кој беше во тимот адвокати кој го лансираше лажниот правен обид да ги поништи резултатите од 2020 година.
„Нивните патишта едвај се вкрстуваат“, изјавил изворот за „Мирор“.