Градежен работник од Ливерпул поштено си ја завршил работата, но не му била исплатена платата, па одлучил да се одмазди.
По социјалните мрежи се шири снимка од изнервираниот работник како со пола час, со багер уништил се што претходно изградил.
На снимката се слуша еден од неговиот колега кој вели:
“ Така е кога не ги плаќате работниците“.
Инаку, се се случило на денот кога хотелот каде што работел требало да биде отворен, но отварањето било одложено, а одложена била и неговата исплата на плата.