Руските власти ја приведоа претседателката на независниот синдикат на докторите, Анастасија Василијева. Таа бројката на заразени од коронавирусот во државата ја окарактеризирала како лажна информација.
Како што изјавила нејзина колешка која била со Анастасија при приведувањето, полицијата ја сопрела кога патувале во друг град за во локалната болница однесет заштитна опрема – пренесува Njujork Tajms.
Таа во петокот била изведена пред суд, и обвинета за непочитување на полицијскиот налог и кршењето на ограниченото движење. Анастасија била пуштена откако платила мала казна.
Инаку, Василијева која е специјалист офтамолог, позната е како голем критичар на Кремаљ, а сега ја искритикува и државата околу коронавирусот. Таа тврди дека бројката на заразени е многу поголема. Докторката и при крајот на март била приведена бидејќи тврдела дека голем број на случаи со коронавирус се третираа како да се обично запаление на белите дробови.
“ Можета да го испратите кој сакате да ме испитува: Сојузните безбедносни служби или пожарникарните служби, но вистината нема да се промени. Вистинскиот број на заболени е многу поголем од бројката што ја објави власта – изјави Анастасија Василијева.