Јелена Розга, која има само 57 килограми, вели дека поради проблеми со штитната жлезда не може да се здебели ниту половина килограм.
На пејачката во 2006 година и беше дијагностицирана хипертериоза, а пред четири години тахикардија. Сите овие здравствени проблеми за убавата пејачка претставуваат проблем.
-Проблемите со тироидната жлезда не ми дозволуваат да се здебелам ни половина килограм, но има и генетика и тоа што живеам покрај море. Тироидната жлезда понекогаш знае да се зафркава со мене, но генерално се чувствувам добро. Не се откажувам, само насмевка на лицето и позитива, вели пејачката и додава дека се разболела поради стрес.
-Сега најважно е што помалку да се нервираме и поради срцето и поради жлездата. Во изминатите неколку години сите концерти ги пеев без проблем благодарение на терапијата и дисциплината. Сè уште можам да пеам и танцувам со мојата публика речиси два часа, истакна таа.
Јелена вели дека нејзините настапи ги заменуваат класичните тренинзи во теретана.