Најдобриот шпански тенисер, Рафаел Надал оствари уште еден голем резултат во неговата импресивна кариера, триумфира на Ролан Гарос, турнирот кој за него е специјален со оглед на тоа што ова за него беше 14. победа или вкупно 22. грен слем во кариерата.
Надал и покрај сите проблеми не сакаше да го пропушти Френч Опен и направи се што можеше за да учествува, па дури и примаше примаше инјекции за да не чувствува болка. Останува да се види дали ова ќе остави некекави последици, но во меѓувреме тој беше на специјален третман за стапалото во Барселона, а остакако истиот го заврши се појави со патерици на аеродромот од каде се упати кон Мајорка.
Шпанецот застана и потпиша автограми за фановите по што испрати и кратка порака за неговата состојба.
-Ќе знаеме за неколку дена. Сега ништо не чувствувам, -рече бикот од Мајорка.