Новинар од бугарска телевизија известувал за протестите против францускиот предлог во Скопје кои траат речиси цела недела.
Застанат пред Собранието, новинарот известувал за ситуацијата кога еден демонстрант му пришол, а на прашањето зошто Северномакедонците протестираат, му дал одговор кој стана хит на социјалните мрежи.
„Македонци само, не Северномакедонци. Не може да ме попиташ, може да те пошљакам“, му одговори момчето.
Станува збор за Дарко Бошковски, кој на својот ФБ профил денеска напиша:
– Фала на сите за позитивните коментари, браќа и сестри Македонци! Да живее Македонија!