Не може да ги контролира страстите покрај 19 години помладата девојка: Холивудскиот заводник никогаш не бил посреќен (ФОТО)

by Тони Зографски

Речиси една година откако почнаа да се забавуваат, Ченинг Тејтум (45) и австралискиот модел Инка Вилијамс (26) изгледаа позаљубени од кога било – беа видени како се смеат, флертуваат и прскаат во океанот.

Во еден момент, Тејтум дури и ја крена Вилијамс во воздух, а потоа ја повлече во нежна прегратка.

Во друг сладок момент, двојката беше фотографирана како се бакнува на самиот раб на водата, навидум несвесна за никого околу нив, објави Пејџ Сикс.

Моделот ја покажа својата затегната фигура во тесно бикини со проѕирно парео, додека Тејтум беше лежерно облечен во бела маица, црни шорцеви и бејзбол капа.

Тејтум и Инка првпат се појавија како пар на црвениот тепих во Лос Анџелес, а четири месеци претходно ја официјализираа својата врска на социјалните мрежи. Тие го привлекоа вниманието на светските медиуми со нивниот бакнеж на црвениот тепих во Лондон.

останати вести