Контроверзниот австралиски тенисер Ник Киргиос по загубеното финале на Вимблдон од Новак Ѓоковиќ замина на Бахамите.
„Лудит“ Ник како што го нарекуваат неговите фанови на Бахамите покажа дека не само што е бестрашен на тенискиот терен , тој нема проблем да влезе во „клинч“ и со страшниот предатор акјкулата.
Ајкулите во последните неколку недели низ светот убија неколку луѓе.
Целиот свет зборува за нападите на страшните ајкули, а за тоа време Ник Киргиос си поигрува со нив!?
Контроверзниот австралиски тенисер на социјалните мрежи објави шокантно видео на кое се гледа како си игра со ајкули. Тој моментално е на Бахамите со својата девојка Костин Хачи и изгледа дека навистина сака да си го ризикува животот.
“Немаше кука, јадица. Ајкула напаѓа мамка на јаже. Сакав да видам колку се силни ајкулите”, напиша Киргиос на Инстаграм.
За разлика од Ник, Костин не била толку храбра или луда, туку одела кај многу помирни животни. Тие објавија фотографии на кои се гледа како таа гали прасе и држи прасенце. Многу побезбедна опција од ајкула…