Најдобриот израелски фудбалер Еран Захави е уапсен поради судир со полицијата.
Фудбалерот на кинескиот Гвангжу е пријавен од сосед поради бука во неговиот дом. Захави кој има милионски договор во Кина организирал домашна забава.
Полицијата постапила по пријавата пристигнала пред домот на Захави, но тој одбил да ги пушти во неговиот дом.
Според информациите од Израел Захави ги навредил полицајците одбивајќи да се идентификува, со тоа што им кажал „ај не се зафркавајте, знаете кој сум јас“.
Забавата била во дворот, со гласна музика, скокање и урлање во базенот и кршење на препораките на здравствените работници за дистанцирање поради коронавирусот.
"הביאו 4 שוטרים, נגמרו האנסים?": תיעוד מעצרו של ערן זהבי@hadasgrinberg pic.twitter.com/ZVGM201hlM
— כאן חדשות (@kann_news) September 11, 2020