Холивудската глумица Џенифер Анистон израдувала медицинска сестра која се заразила со коронавирус – подарувајќи и картичка од 10,000 американски долари.
Актерката беше гостинка во шоуто ,,Џими Кимел“, за да ја изненади медицинската сестра од Јута. Кимел преку видео врска и посака добредојде на Кимбел Фербенкс и наскоро имаше изненадување за неа.
Неколку секунди подоцна, 51-годишната холивудска актерка се вклучи во шоуто преку видеоповик за да ја поздрави Кимбел, и јавно да и се заблагодари на неа, како и на сите други медицински сестри, за храброста и несебичноста да ги подредат своите животи на пациентите на штета на своето семејство.
„Само сакам да кажам – Бог да те благослови тебе и сите оние што го правите ова. Не знам со кои зборови да ја изразам својата благодарноста за се што правите ставајќи ги во опасност вашето здравје. Неверојатни сте“, рече Џенифер Анистон.
Медицинската сестра која не можеше да поверува дека Анистон и се јавивила, објасни дека сега е во карантин и не може да биде во близина на нејзиното семејство, нејзините 4-годишна и 18-месечна ќерка.
Инаку, подарок-картички од Џенифер Анистон ќе добијат и сите останати медицински сестри кои работат со Кимбел во одделот.