Белен Родригез, атрактивната аргентинска водителка која стекнала огромна популарност благодарение на љубовните афери со славните и богати спортисти, доживеала несекојдневна незгода на снимањето на една ТВ-емисија.
Имено, на социјалните мрежи се појавило интересно видео од Родригез од снимањето на една популарна емисија.
Провокативната 39-годишна водителка облекла кожен комбинезон којшто бил целосно „залепен“ за нејзиното совршено извајано тело.
Во еден момент таа нагло ги раширила рацете и тој се откопчал на непријатно место, па на момент се виделе нејзините гради.
Колегата водител бил целоосно во шок, а Белен не можела да престане да се смее.
Многумина сметаат дека атрактивната Аргентинка ја испланирала оваа „несекојдневна незгода“ за да биде во центар на внимание на јавноста.
Инаку, Белен стекнала огромна популарност благодарение на љубовните афери со славните спортски асови. Таа била во врска со популарниот фудбалски шармер Барк Бориел, успешниот мотоциклист Андреа Јаноне, но и поранешниот фудбалер на ПСЖ Езекијел Лавеци.