Турскиот боксер Селим Ахмет Кемалоглу (26) во неделата наутро до смрт со нож ја избодел неговата девојка Зејнеп Сенпирар.
Турските медиуми пишуваат дека Кемалоглу ја нападнал девојката за време на доручекот, а потоа се повредил и себеси, но тие повреди не биле опасни по живот.
Се шпекулира дека причина за нападот е тоа што девојката не сакала да биде повеќе со него во љубовна врска и сакала да го напушти бидејќи тој постојано ја малтретирал психички.
Порталот „Созчу“ дошол до преписката на платформата WhatsApp, но сепак ќе треба да се почека полицијата да ги утврди околностите и да го каже последниот збор.
Инаку, ова злосторство се случува само две седмици по ужасната вест која пристигна од Турција за убиството на петгодишното дете, задавено од неговиот татко, 32-годишниот фудбалер Чевхер Токташ.