23-годишната Кијана Алварез станала зависник од вежбање и сега се бори со смртоносна болест што произлегува од прекумерен тренинг во теретана. Кијана по тренингот тешко дишела и чувствувала силна болка, но сето тоа го припишувала на заморот. Наскоро сфатила дека не може да се исправи и правилно да диши.
Таа самата успеа да препознае дека станува збор за рабдомиолиза, редок синдром предизвикан од оштетување на мускулната клеточна мембрана.
„Јас сум спортист и сакам да се приближам до максимумот, па го сторив тоа. Не знаев дека е можно. Претерав со вежбање. Дури пет дена подоцна сфатив дека нешто не е во ред со мене “, напиша Бејли на Инстаграм во април минатата година.
Инаку, оваа болест главно ги погодува војниците и спортистите. Рабдомиолизата е потенцијално опасна по живот, бидејќи ги распаѓа мускулите, ги уништува бубрезите и го оштетува срцето. Честа е кај воените регрути и спортистите кои се исцрпени до крајност.
Состојбата обично се третира со интравенски течности за да се создаде доволно урина и да се спречи откажување на бубрезите.
Кијана открила дека не пиела доволно вода пред дијагнозата и дека секогаш тренирала пред појадокот.