Пејачката Елена Петреска на својот Инстаграм профил проговори за тешката битка со коронавирусот што ја водела изминатиов период. Таа 15 дена била на Инфективната клиника во Скопје каде се лечеше од вирусот.
Елена во своето видео обраќање во детали го раскажа и го сподели своето искуство со ковид-19.
„Постојано бев истоштена од што имав силна кашлица. Совет на докторката веднаш беше дека е најдобро да останам на клиниката и да бидам под докторски надзор во болница. Тоа што многу кашлав беше еден од поголемите и пострашни моменти за мене, а медицинскиот персонал се грижеа одлично за мене како за останатите пациенти.Она што видов таму е доста стресно, иако не сакам да ширам паника и да пренесувам стресови, бидејќи сметам дека сите не вознемирува, а дополнителни стресови избегнувам. Но со ова видео сакам да ја покренам свеста особено за оние што не веруваат дека вирусот постои, па дури и ми пишуваа дека коронавирус нема, тоа е лага. Некои луѓе што се борат со ковид се борат за живот и доктори кои немаат друг живот освен оној на клиника. Луѓето кои имаат потешка форма на Ковид-19 се борат во една агонија, а мене се’ уште ми треба време да се опоравам од тие слики, затоа сакам само да кажам дека сите оние што не веруваат дека треба да се пазиме и да бидеме одговорни-грешат, како и да раскажам за луѓето што 24 часа доживуваат стресови таму“, раскажува Елена Петреска.
Видеото може да го погледнете овде: