Елизабет Ворен, сенаторка од САД соопшти дека нејзиниот најстар брат Дон Рид починал од коронавирус. Тој пред три недели добил позитивен тест.
“Мојот постар брат почина од коронавирус во вторникот. Немав прилика да го држам за рака на крајот, ниту да му кажам дека го сакам. Беше шармантен, забавен, природен лидер”, изјавила Ворен и воедно им се заблагодарила на медицинските лица за грижата.
Елизабет истакнала и дека брат и од својата 19 годишна возраст бил дел од вооружените сили на САД и дека учествувал во војната во Виетнам.