„Не можам да се сетам“ – повторувал убиецот, полицаецот Тимоти Бремер од Дорсет, кој ја задавил на улица љубовницата Клер Пери по вечерата во еден паб.
Видеото што го обиколи светот покажа нешто крајно необично за убијецот.
– Тимоти плачел пред полицијата, плачел како мало дете, додека тој повторувал дека не знае што се случило, дека Клер лежи мртва покрај него.
А вистината е малку поинаква. Тимоти добро знаел што прави, само што алкохолот таа вечер веројатно ја забрза неговата одлука да ја убие Клер.
Имено, медицинската сестра пред неколку месеци му се заканила на Тимоти дека ќе и се јави на неговата сопруга и ќе и каже сè за аферата што трае со години. Клер го замолила Тимоти да одлучи – или ќе се разведе или ќе ја прекинат тајната врска меѓу нив.
На Тимоти му дошло преку глава од заканата во пабот, а кога излегоа на улица, тој го искористил моментот и ја задавил Клер во една уличка.
На видеото, Тимоти призна дека имал афера и дека Клер сакала и, како што нагласувала таа, навистина и раскажала на сопругата сè. Тој се плашел дека ќе го изгуби синот, па решил да ја покани во пабот за да види што сторила.
Еден од минувачите ја видел Клер како лежи покрај автомобилот и повикал полиција, која го пронашла Тимоти во многу лоша состојба, а потоа плачел со часови пред нив.