Смртта на Афроамериканец за време на апсење предизвика бес во Минеаполис, а неговото семејство предупредува на прекумерна и нехумана употреба на сила и расизам од страна на полицијата во тој град.
Сцената, снимена од случаен минувач, покажува еден маж легнат земја од страна на полициски службеник, кој со колената му го притиска вратот. Мажот, Џорџ Флојд (46) се жалел неколку минути дека не може да дише.
„Не можам да дишам, не можам да дишам, те молам, не ме убивај“, молел Флојд за помош. Полицаецот му рекол да биде смирен, а друг полицаец ги држел минувачите на оддалеченост.
„Тој не се мрда, не дише, пипнете му го пулсот“, повторувал еден минувач додека полицајците чекале да пристигне брзата помош за неколку минути, но Флојд не бил спасен. Починал кратко време по пристигнувањето во болница.
Портпаролот на полицијата тврди дека човекот се спротивставил на апсењето на кое полицијата била повикана поради пијанство.
Минувачите се собраа и положуваа цвеќе на местото на инцидентот, а некои истакнаа натписи со кои се повикува полицијата да престане да ги убива Афроамериканците.
Полицијата во Минесота соопшти дека 46-годишниот Флојд, кој работел како чувар во ресторан, починал по „здравствен инцидент“ во „полициска интеракција“.
Градоначалникот Џејкоб Фреј потврди дека четворицата полицајци вклучени во инцидентот биле отпуштени.
Пред полициската станица во Минеаполис, полицајците мораа да употребат солзавец за да го растераат масовниот протест поради смртта на Флојд.
MORE: Video obtained by CBS News shows what appears to be the start of the confrontation between George Floyd & Minneapolis police officers. A restaurant's security footage shows cops taking him into custody, but the restaurant owner says it does not show Floyd resisting arrest. pic.twitter.com/KR8r7B1WPl
— CBS Evening News (@CBSEveningNews) May 26, 2020