Поранешната Мис Колумбија и Универзум, Даниела Алварез се соочува со ново поглавје во својот живот.
Имено, откако ја заврши успешната кариера на крајот на мај, таа беше подложена на операција за израстоци на стомакот, а поради компликациите лекарите мораа да ја ампутираат ногата.
Храбрата Даниела не очајуваше, собра сила, а она што ги воодушевува нејзините обожаватели е колку е позитивна на крајот на краиштата.
Алварез на објавите на Инстаграм се смее и зрачи со оптимизам. Се разбира, таа има голема поддршка од своите најблиски.
„Не ми треба стапало кога имам крилја. Подготвена сум да преминам преку сите предизвици во животот“, заклучила храбрата Даниела.
Таа има четири комплицирани операции зад себе, и продолжи оптимистички потатаму со предизвиците кои и ги донесе судбината.
https://www.instagram.com/p/CBd3PLVpDuT/?utm_source=ig_web_button_share_sheet