Џорџ Клуни изјавил дека еднаш му биле понудени 35. милиони долари за еден работен ден, но тој одбил бидејќи заклучил дека не му се исплаќа.
Оскаровецот и продуцент раскажал анегдота откако новинар го праша за време на интервјуто за „Гардијан“ дали некогаш мислел дека има доволно пари.
– Па да. Ми нудеа 35. милиони долари за еднодневна работа за снимање на реклама на авиокомпанија – рекол тој и додал дека се консултирал со Амал, неговата сопруга, и дека одлучиле дека не се исплаќа.
Авиокомпанијата се поврзувала со, како што вели, „земја која иако е сојузник, понекогаш е дискутабилна“.
– Си помислив: „Па, ако одземе минута од мојот сон, не се исплаќа“ – изјавил оскаровецот.
Покрај неговата повеќедецениска кариера во Холивуд, Клуни има и големо деловно портфолио, заработувајќи над 40 милиони долари за рекламна работа со една швајцарска компанија. Неговата компанија за текила „Касамигос“ беше продадена пред четири години за 1 милијарда долари, објавил претходно Инсајдер.