62-годишната холивудската глумица Шерон Стоун се обидела да најде партнер на Интернет, а бидејќи, како што вели, имала толку многу лоши искуства одлучила да напише книга за тоа.
„Искрено, целата работа беше толку страшна што сега сакам да напишам збирка кратки раскази за моите искуства од запознавање мажи на Интернет. Страниците за запознавање едноставно не се добри. Вистинската хемија, онаа напнатост, се случува само во реалниот живот – не на страница“, рече актерката.
Стоун смета дека луѓето стануваат сè помалку способни да бидат во нормален контакт со други луѓе токму поради страниците за запознавање.
„Луѓето веќе не знаат како да се однесуваат за време на вечера, како да учествуваат нормално во врска или да комуницираат. Не сакам врска што се сведува на текст со некој со кој што се гледам. Тоа е ужасно за мене“, рече Шерон.
На актерката ѝ е тажно што луѓето повеќе не флертуваат едни со други, за што ја обвинува технологијата.
„Технологијата нè лиши од флертот. Луѓето повеќе не флертуваат дури и кога се заедно. И мислам дека нема никаква врска со стареењето“, рече актерката.
Иако е приврзаник на движењето „MeToo“, на Шерон не ѝ пречи кога мажите ќе ја удрат по задникот или ќе и се обратат со „срце“, затоа што смета дека постојат поважни работи за кои треба да се бориме.
„Не ми е гајле дали некој ќе ме удри по задникот. Сите тие се мали победи. Можеби тоа е затоа што имам 62 години, па поминав низ сè, што ми дава јасна слика за тоа што го заслужува моето внимание и кои се работите кои ќе исчезнат сами од себе со текот на времето“, заклучи Шерон.