Тенисерката Јелена Јанковиќ ги полни батериите на море, а многу ретко споделува во јавноста приватни моменти . Но, Јелена на својот Инстаграм профил сепак стави фотка на која е во бикини, и веднаш во очи падна нејзиното совршено тело. Тенисерката се пошегува, па во прилог на фотографијата напиша:
-Тежок живот. Ве молам не ми го гледајте мојот дебел стомак.
Веднаш реагираа нејзините фанови кои се воодушевија од описот на фотката.
Инаку, пред десетина дена Јелена ја стави на продажба нејзината куќа на Флорида.