За односот помеѓу Јелена Ѓоковиќ (35) и мајката на нејзиниот сопруг Дијана (57) со години наназад се пишува во медиумите и најчесто српските таблоиди, повикувајќи се на сопствени извори, шпекулираат дека односите меѓу Јелена и мајката на Новак се заладени и дека сопругата го одделила од семејството.
фото: Blick.ch
Во изминатиот период во српските медиуми излезе веста дека наводно Јелена е гневна на Дијана, затоа што таа изјавила дека никогаш не очекувала дека Новак да се ожени со неа.
„Како млад човек кој се занимаваше со оваа работа, немаше време да се забавува. Повеќе беше на пат отколку дома. Запознав една негова девојка која беше одбојкарка од Краљево, тие беа деца. Подоцна ја запознавме Јелена. Кога имаа 18. години но никогаш не помислив дека ќе се венчаат, имаше време за се, но тој го поби моето мислење и се ожени со Јелена“, била искрена Дијана, пишува Story.
Таа истакнува и дека има и точки на разидување во односот со Јелена и Новак.
„Нормално и природно е Јелена да превземе некои работи, не би било добро јас да се мешам. Не им се мешам во животот. Тие ретко доаѓаат, за жал си го создадоа своето семејство и оаза, Јелена прави одредени работи на свој начин. Доаѓа до разидување, особено кога е во прашање исхраната која не ја поддржувам“, изјавила мајката на Новак Ѓоковиќ.
Како што сега пишуваат некои српски медиуми, извор близок до Јелена открива дека сопругата на Новак била многу огорчена поради оваа изјава:
„За да не го изнервира Новак, на двајцата им е полесно да ја игнорираат и да не ја влечат таа приказна. Тој сето тоа повторно го чувствува и гледа и се нервира што се случува, но е немоќен да направи нешто. Смета дека и двете се тврдоглави и дека ќе биде лесно да се најде компромис, но тиа две за таа тема не сакаат ниту да зборуваат“, открива изворот детали за врската меѓу снаата и свекрвата.