Првата дама на САД Меланија Трамп изразила презир кон медиумските извештаи за одвојувањето на децата од родителите на американско-мексиканската граница пред две години, откриваат разговорите кои тајно ги снимила нејзината поранешна помошничка Стефани Винстон Волкоф.
Снимките ексклузивно беа објавени синоќа на емисија на Си-Ен-Ен, каде Меланија се жали дека нејзината работа не била признаена.
“Не ме за***авајте”, реагирала Меланија на прашањата на новинарите за раздвојувањето на семејствата на границата.
“Каде бевте кога Обама го правеше тоа”, се слуша на снимката.
Снимките исто така покажуваат дека Меланија била и премногу нервозна поради прославата на Божиќ во Белата куќа.
-Цело време работам на уредувањето на Божиќ. Кому му е гајле за тоа и за декорациите? Но морам да го правам тоа, зарем не? А кога работам на декорациите и планирањето за Божиќ тие велат „А што е со децата кои се одвоени?“ . Па дајте ми одмор. Каде беа тоа да го кажат кога Обама го правеше. Се обидов повторно да спојам едно дете со мајката. Немав шански. Треба да се пројдат многу процеси и закони, вели Меланија.
Шефот на персоналот на кабинетот на првата дама, Стефани Гришам го осуди тајното снимање.