Адријана Лима првпат го покажа трудничкото стомаче во црн фустан додека со момчето Андре Лемерс присуствуваа на ревијата на „Балман“, на Модната недела во Париз. Па нема само Ријана да го покажува стомакот, нели?
Манекенката неодамна објави дека е бремена, а сега се појави во јавноста и покрај тоа што не е благодарно да се коментира изгледот на бремена жена, многумина останаа зачудени од нејзиниот изглед, конкретно лицето.
И таа како многу ѕвезди, има естетски зафати и филери, а во бременоста тоа дојде до израз, па дежурните коментатори реагираа на нејзиниот изглед.
Сепак, во манир на вистинска кралица, манекенката која бездруго е синоним за убавина во светски рамки, проделифира на црвениот килим во прекрасен црн фустан. Тесната силуета и нагласеното стомаче се во прв план, а проѕирните детали беа најозборувани. Изгледот таа го надополни со златни сандали и робусен накит на прстите на рацете.