Никол Шерцингер, поранешната девојка на Григор Димитров, деновиве ужива со прекрасната Мадалина Генеа во Венеција, а таа редовно предизвикува восхит поради своето извајано тело и изгледа на жена за која никогаш не би кажале дека има 45 години.
Заводливата убавица е многу атрактивна на социјалната мрежа Инстаграм, а таа судејќи по објавите многу сака природа, море, тренирање…
Неодамна таа уживала во Австрија, а позирала во бело бикини, наизглед едноделен костим за капење којшто совршено го истакнал нејзиното извајано тело, а евидентно е дека на фотографиите кои ги објавила не користела ниту филтери за разубавување ниту Фотошоп, што денес е вистинска реткост меѓу славните личности.
Никол е вистински секс-симбол, а може да нагласиме дека е и природна убавица.
Дали знаевте дека таа е висока само 165 сантиметри?