Исто така, на новинарите од северното соседство им пречело што коментаторите на МТВ не велеле „државјани на С. Македонија“, како што тие сметаат дека е правилно според Преспанскиот договор, туку го користеле зборот – Македонци.
„Натпреварот го пренесуваше државната телевизија на С. Македонија – ‘МРТ’, која ги има правата за емитување на ЕУРО 2020. И покрај фактот што ‘МРТ’ се финансира од буџет на С. Македонија (не од реципрочен надоместок) и затоа, според Договорот од Преспа, тој мора да го користи официјалното име на земјата, при преносот на натпреварот го стори токму спротивното. Двајцата коментатори на натпреварот постојано зборуваа за ‘националноста на Македонија’ и ја нарекуваа земјата ‘Македонија’. Тие во никој случај не зборуваа за ‘државјанин на С. Македонија’ во текот на целиот натпревар, ниту го користеа новото име на земјата, „С. Македонија“, реагираат од АНА-МПА.
За Грците, чии репрезентативци ова Европско првенство го гледаат пред ТВ-екраните, ова е втора политичка реакција деновиве, откако претходно им пречеше амблемот на ФФМ на дресовите, за кој исто така сметаа дека не е според Преспанскиот договор.
Извор: спорт1.мк