Ева Лонгорија е фотографирана додека пазарела и шетала на Беверли Хилс без шминка на лицето, а поради ваквиот природен изглед заработила бројни комплименти.
Ева Лонгорија оваа недела била забележана како се шета на Беверли Хилс, а фотографите славната актерка „ја фатиле“ без шминка. Имено, 47-годишната актерка е фотографирана во природен и прилично лежерен стил, а облекла целосно бела облека.
Ова издание вклучуваше ребрест џемпер со копчиња, бела полуролка, широки бели панталони и бели патики.
Лонгорија била забележана како се шета низ трговскиот центар, а за природното издание заработи голем број комплименти. Актерката моментално се подготвува за премиерата на Flamin’ Hot, нејзиното претстојно режисерско деби.
„Мислам дека имав толку многу да докажам и навистина го прифатив предизвикот во секој поглед“, рекла таа за нејзината вклученост во филмот.
Лонгорија продолжила велејќи дека сака да послужи како инспирација за секој што сака да започне кариера како режисер.
„Flamin’ Hot“ официјално ќе биде објавен на 9 јуни на платформата Hulu по премиерата на 11 март на овогодинешниот фестивал South by Southwest.