На кралицата на светската сцена, Мадона (62), скандалите не и се непознати. Сепак, таа реши да докаже дека е сè уште неприкосновена кога станува збор за привлекување внимание. Со низа разголени фотографии на својот Инстаграм профил таа ги шокираше своите следбеници.
Имено, Мадона на фотографиите позира во црн градник и гаќички во провокативни пози и покажа дека изгледа одлично, иако зачекори во седмата деценија од својот живот.
Оскудно облечената Мадона за само неколку часа доби повеќе од 800.000 лајкови, а беше поддржана од бројни познати личности.
“Преубава си“, “Само една е Мадона“, “Ти си кралица“ – се дел од коментарите.