Британската пејачка со албанско потекло Рита Ора периодот е во Сиднеј, каде е дел од жирито на „Гласот на Австралија“, а слободното време го поминува покрај хотелскиот базен. Папараците ја уловија во моментот додека се сончаше, а горниот дел од бикинито се помести. Загледана во мобилниот телефон, на Ора не ѝ падна многу незгодно. Пејачката е позната по тоа што сака да се сонча топлес, а и да објавува разголени фотографии на „Инстаграм“.
Триесетгодишната Ора во оваа пандемска година неколкупати го навлече на себе гневот на јавноста зошто често ги кршеше рестриктивните мерки славејќи роденден, одбивајќи карантин и слично.