Срѓан Захариевски од денес не е шеф на стручниот штаб на ФК Вардар, ваквата информација ја објавја „црвено-црните“ на својот профил на социјалната мрежа Икс.
„АД ФК Вардар и шефот на стручниот Срѓан Захариевски утрово спогодбено ја раскинаа соработката. АД ФК Вардар му благодари за несебичниот ангажман, максималниот вложен труд и голема желба за успех. За личности како Срѓан Захариевски вратите на АД ФК Вардар се секогаш отворени“, стои во објавата на „црвено-црните“.
Од почетокот на сезоната ова е трет сменет тренер на Вардар. Претходно тимот го водеа Горазд Михаилов и Горан Петрески.
Вардар по 13 кола е последен во поредокот на Првата македонска фудбалска лига со само осум освоени бодови.