НЕ ИЗДРЖАВМЕ: Поразени во финишот со головите на австриските “резервисти“

by Тони Зографски

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз дебитираше на Европските првенства, не успевајќи да го издржи притисокот со Австрија (1:3). Во последните 13 минути од мечот потклекна дефанзивата, а „резервистите“ Марко Арнаутовиќ и Михаел Грегориш нѐ решија за стартна победа на австриската селекција.

Во 18 минута Австрија поведе со голот на Лаинер, a 10 минити подоцна, во 28 минута нашиот капитен Горан Пандев беше стрелец на првиот гол за Македонија на ЕП откако добро се снајде по мешаница во противничкиот шеснаесетник во 28-та минута. Капитенот на Македонија со 37 години (и 231 ден) е вториот највозрасен стрелец на европските првенства по австрискиот репрезентативец Ивица Вастиќ кој имаше 38 години (и 257 дена) кога погоди на ЕП 2008

Во второто полувреме Австрија повторно дојде до водство  со голот на Михаел Грегорич во 78. минута. Тој беше побрз од голманот Столе Димитриевски по центаршутот на Давид Алаба по левата страна. Конечните 3-1 ги постигна Арнаутовиќ во 89 минута.

Следниот натпревар го играме во четврток, а противник ќе ни биде репрезентацијата на Украина.

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com