Марина Миткова Василевска Конел реши јавно со своите пријатели на социјалната мрежа фејсбук да ја сподели својата состојба, која предизвика големо внимание.
“Незнам дали следниот октомври ќе го дочекам, па собрав храброст да ја споделам јавно мојата приказна.
Имам надеж дека доколку овој пост се сподели во поголем број, постои реална шанса да допре до повеќе наши лекари кои работат на рана дијагностика на рак на дојка, единствено со цел, да се спаси живот на некојa идна пациентка со слични симптоми.
2015г. се појави оток и тврдо ткиво, направена мамографија, ехо, но ништо видливо, туморски маркери мирни, биопсија негативна. Редовни контроли подоцна, но објаснувањето за постојаното зголемување на тврдото ткиво на палпација, беше дека тоа е млечна жлезда. Знам дека многу фактори се вклучени во дијагностицирањето, доволно е еден mm да се промаши на биопсија и резултатот да биде негативен, квалитетот на лабораториските услуги и т.н.
2018г. во Единбург отстранија (според нив џиновски) тумор 7,5 cm, сите лимфни јазли зафатени и веќе две и пол години сум на континуирано лекување ( 8 интензивни хемотерапии, месец дена зрачење и од март 2019 примам поумерена хемотерапија ….. СЕ додека имам среќа да сум жива), заради три метастази, кои во овој момент се мирни.
Човечки е да се згреши, но грешките на лекарите – земја ги покрива. Затоа ВЕ МОЛАМ драги наши лекари и херои во ова лудо време, ВЕРУВАЈТЕ му повеќе на инстинктот на пациентот.
Првата фотографија е пред да започнам со хемо, за време на интензивната хемотерапија и последната е од вчерашната прошетка“ напиша Марина на својот Фејсбук профил.